Шукова за „РСЕ“: Илузорно е да мислиме дека проблемот со аерозагадувањето може да го решиме за четири години

 

Министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова во неделно интервју за Радио Слободна Европа кажа дека би било илузорно да мислиме дека проблемот со аерозагадување може да биде решено за неколку години. Напротив, таа потенцираше за решавање на тој проблем биле потребни 10 до 20 години.

„Илузорно е да мислиме проблемот со аерозагадувањето можеме да го решиме две, три или четири години. Праксите покажуваат дека тоа се случува од десет до 20 години, одобено за големите градови“, изјави Шукова за „РСЕ“

Британски Гардијан објави дека сите во Европа дишат токсичен воздух, но во Северна Македонија е најтоксичен. Министерката на ова вели дека не би одела со таква квалификација - најтоксичен. Си призна дека имаме проблем, но повтори дека дефинитивно не би го класифицирала воздухот како најтоксичен.

„Не би одела со таква квалификација – најтоксичен. Тоа се одредени денови во годината кога имаме проблем, особено во градовите коишто се во котлина како што е Скопје. Не би одела баш со такви квалификации, а дека има проблем, има. Ние работиме постојано на негово надминување, и централната и локалната власт“, одговори министерката Шукова.

Целото интервју погледнете го ТУКА.

24.09.2023 - 11:34
Фото: 
Принтскрин „Радио Слободна Европа“

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега