Претседателот Пендаровски ќе се обрати пред Советот за безбедност на ОН

 

Претседателот Стево Пендаровски, кој ја предводи македонската државна делегација на 78. Генерално собрание на Обединетите нации денеска ќе се обрати пред Советот за безбедност на дебата посветена на Украина.
На седницата, како што соопштија од претседателскиот клабинет, е најавено учество и на претседателот на САД, Џо Бајден и претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

Доцна вечерва по македонско време претседателот Пендаровски ќе присуствува на приемот по повод одбележувањето на 30–годишнината од основањето на Чешката и Словачката Република и 30-годишнината од членството на двете држави во Обединетите Нации, што ќе го приредат претседателите на овие две земји

 

20.09.2023 - 09:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега