Хеликоптерската единица за полициски намени при МВР исфрли 20 тони вода и го локализираше пожарот над Катланово

 

Хеликоптерската единица за полициски намени при Одделот за воздухопловни единици денеска учествуваше во гаснење на пожарот за кој околу 14.30 часот беше пријавено дека настана во атарот на Катланово, во кој беше зафатена нискостеблеста шума и сува трева, извести МВР.

– Поради распространетоста на пожарот и отежнатото гаснење на тешко пристапниот терен над Катланово, во координација со Центарот за управување со кризи, МВР го испрати полицискиот хеликоптер Бел 412, велат од Министерството.

Во повеќе налети од Бел 412 беа исфрлени 20 тони вода и со заеднички координирани напори со останатите тимови на терен, пожарот е ставен под контрола.

19.09.2023 - 21:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега