Битолската Гимназија им забрани на учениците мобилни на часовите, се оставаат во кутија

 

Гимназијата „Јосип Броз Тито“- Битола, им забрани на учениците да ги чуваат кај себе мобилните телефони додека се настава, па за таа намена набави кутии со прегради за телефонот на секое дете според редниот број во дневникот, пишува Апла.мк

-Има време и за мобилни телефони, но на училиште, најважен е часот и предавањето на наставникот. Со одлука на Наставнички совет, сите ученици и наставници задолжително ги оставаат своите мобилни телефони во кутиите со прегради кои ги набавивме специјално за таа намена. Секако дека за време на одморите можат да се користат. Вниманието и вклучувањето во часот се приоритет. Со оваа одлука се надеваме и очекуваме да се подобри вниманието и концентрацијата на часот, да се подобри училишниот успех на учениците но и да се намали употребата и зрачењето на мобилните телефони во секојдневието, информираат од Горната гимназија.

19.09.2023 - 18:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега