Два протести пред Владата: против измените на кривичниот законик и состојбите на Онкологија

 

 

Два протести почнаа попладнево пред владината зграда – против измените на кривичниот законик и поради скандалот со лековите на Онкологија.

Студентите од Правниот факултет бараат да се почитува правото и повикаа да престане злоупотребата на европското знаменце. Повикуваат и на одговорност. Велат дека измените на Кривичниот законик се нетранспарентни и брзи. Протестот го поддржа и „Студентски отпор“.

Поради скандалот со лековите на Онкологија, се протестира третпат.

Протестот почна под мотото „Правда за жртвите“, а пред владината зграда и попладнево се скандира „убијци“.

Протестот се случува откако „Фокус“ објави серијал текстови, во кои меѓудругото и тврдења дека на дел од пациентите им биле давани физиолошки раствори, додека скапите лекови против канцерогинете заболувања завршувале на црниот пазар. Организаторите истакнаа дека протестираат и поради признанието на доктор на Клиника за онкологија дека косовски државјани се лекувале како македонски државјани. Бараат одговор од министерот Оливер Спасовски по кој основ се делеле македонски државјанства на жители од Косово.

Предметот е во рацете на Обвинителството.

18.09.2023 - 19:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега