Општина Аеродром организатор и домаќин на Националното првенство во пливање

 

Општина Аеродром, во соработка со Федерацијата на училишен спорт и Сојузот на училишен спорт, вчера беше организатор и домаќин на Националното државно првенство во пливање за учениците од основните и средните училишта низ цела Македонија.

На првенството кое се одржа на базенот во Општина Аеродром,  учество земаа 140 млади таленти од целата држава, а учениците од Аеродром освоија 4 златни, 4 сребрени и 6 бронзени медали.

Градоначалникот Муцунски на својата Фејсбук страна потенцираше дека преку подигнување на квалитетот на образованието Општина Аеродром создава нови таленти, а преку промоција и унапредување на спортот овозможува услови за правилен психофизички развој кај младите.

На овој начин, продолжуваме со остварувањето на нашата цел за Аеродром да биде општина која ќе овозможи соодветни услови во образованието, нови содржини кои го јакнат натпреварувачкиот дух кај младите и го промовираат спортот како најдобар начин за правилен психофизички развој.

15.09.2023 - 11:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега