Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски престојува во неколкудневна посета на САД
На покана на Амбасадата на САД во Македонија, градоначалникот на Општина Аеродром Тимчо Муцунски, придружуван од градоначалници на неколку други општини, престојува во повеќедневна посета на САД, каде учествува на Програмата за меѓународни лидери организирана од американската влада.
Во рамките на посетата тој оствари повеќе средби со високи претставници на Стејт Департментот, бизнис заедницата како и тинк-тенк организации во Вашингтон. Клучна тема на разговорите беше потребата од засилена борба против корупцијата во Македонија, но и можностите за продлабочување на соработката помеѓу двете држави.
Во рамки на посетата, градоначалникот Муцунски ќе ги посети градовите Питсбург и Феникс каде ќе оствари средби со претставници на локалната власт и ќе размени искуства околу добрите практики во делот на локалната самоуправа и креирањето на политики на локално ниво.
Тој на својата Фејсбук страна упати благодарност до Амбасадата на САД за оваа можност од која ќе произлезат нови искуства, пријателства и можности за соработка.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа