Голема акција за апсење во Белград: Оштетен буџетот за повеќе од 120 милиони динари, „паднаа“ неколку инспектори

 

 

Осум лица од Даночната управа, ограноците Вождовац и Земун во Белград, се уапсени во акција за злоупотреба на службената положба, пишува српски Телеграф.

Меѓу уапсените е и началникот на одделението за даночна контрола во Земун.

Според неофицијални информации, тие го оштетиле буџетот за повеќе од 120 милиони динари, а правеле записници со невистинита содржина за да го вратат ДДВ-то.

Завршени се истражните дејствија кои траеле со месеци, а пред неколку дена, обезбедени се доволно докази и основи за да се изведат корумпирани државни службеници кои со валкано работење и разни комбинации нанеле штета на буџетот кој се мери во милиони евра и малверзации, објавуваат српските медиуми.

11.09.2023 - 10:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега