Тело на маж пронајдено на плажа: Бројот на загинати во Грција се искачи на 11, штетата се мери во милијарди евра

 

 

Бројот на жртвите од бурата Даниел, која со денови ја пустоши Грција и јужниот дел на Балканот, се искачи на 11 лица, откако денеска на плажата Елиники на островот Евија беше пронајдено тело на 77-годишен маж.

Според тамошните медиуми, телото на човекот било забележано додека плута во областа Турконери. Човекот бил идентификуван од неговата сопруга, а по него се трагало откако земјата ја погоди бурата Даниел. Како што беше наведено претходно, исчезнатиот маж е од Пелион.

Според последните податоци, моментално 11 се мртви, додека најмалку четворица се водат како исчезнати. Покрај жртвите, невремето Даниел предизвика и штети кои се мерат во милијарди.

10.09.2023 - 12:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега