Земјотрес од Бугарија го стресе и источниот дел на Македонија
Земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала ја погоди Бугарија денеска околу 18:20 часот по локално време.
Земјотресот се случил на околу 20 километри северно од Сандански, на длабочина од 11 километри.
Потресот бил почувствуван и во Делчево и други делови од источна Македонија.
Засега нема информации за евентуална материјална штета.
04.09.2023 - 21:15
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа