„Ист гејт мол“ по вооружениот инцидент: Обезбедени се сите мерки и трговскиот центар продолжи со редовен режим на работа

 

По вооружениот инцидент, во кој денеска попладне беше пукано кон 39-годишен скопјанец во гаражите на „Ист гејт“, од трговскиот центар се огласија со соопштение. 

Во него се наведува дека согласно утврдените безбедносни сценарија и протоколи за работа, трговскиот центар ги обезбеди сите потребни мерки да продолжи нормално со работа. 

„Согласно информациите со кој располагаме, се работи за изолиран инцидент и не е поврзан со општата безбедност на посетители во трговскиот центар. Увидот на надлежните служби веќе е завршен и трговскиот центар продолжува да работи со редовниот режим на работа. Во трговскиот центар функционираат повеќе системи со кои се осигурува безбедноста на посетителите вклучувајќи и постојано физичко обезбедување и мониторинг и е целосно безбеден за посетителите“, се наведува во соопштението од „Ист гејт мол“.

25.08.2023 - 23:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега