Меџити: Ја зајакнуваме соработката со граѓанските здруженија, со фокус на примарната здравствена заштита и превенција

 

Министерот за здравство, Фатмир Меџити денеска имаше средба со претставници на повеќе граѓански здруженија - ЕСЕ, ХЕРА, Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари и Здружението за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ „Заедно посилни“. 

-Ја зајакнуваме соработката на Министерството и граѓанските здруженија, со посебен фокус на примарната здравствена заштита и превенција. Целта е превентивните и куративните програми на Министерството да ги опфатат и поспецифичните потреби на ранливите категории граѓани, како што се лицата со малигни заболувања, активната здравствена заштита на мајки и деца и други актуелни теми за заштита на ранливите категории граѓани, истакна министерот Меџити на средбата. 

Заедничката соработка е во насока на унапредување на процесот на консултација со граѓанскиот сектор, особено со засегнатите целни групи при планирање и подготовка на програмите, активно вклучување на граѓански организации во испорачувањето услуги за ранливи групи граѓани, како и поголема проактивност на здруженијата во мониторинг на потребите на овие лица.

25.08.2023 - 15:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега