ФОТО: Алил Демири е на слобода

 

Алил Демири, кој вчера беше уапсен од косовската полиција по меѓународна потерницa е ослободен, пишува косовскиот медиум sinjali.com 

Веста ја потврдил неговиот адвокат Бесник Бериша.

Бериша синоќа изјавил дека Демири не може да биде екстрадиран во Република Северна Македонија бидејќи барањето на македонските власти е  одбиено од косовскиот суд .

Демири повеќе од 11 години е во бегство, а вчера беше уапсен по меѓународна потерница издадена од Македонија, како што соопшти МВР во координација на македонската и косовската полиција.

По Демири се уште важечка е екстрадицијата која е побарана во 2018-та година. Претходно Демири исто така беше уапсен во Косово и одлежа затворска казна за недозволено носење на оружје, но барањето за екстрадиција беше отфрлено.

За случајот имаше и второ судење, а Алил Демири, во скопскиот кривичен суд беше повторно осуден за тероризам, за 5-кратната ликвидација кај Смилковско Езеро и повторно доби доживотен затвор. Во бегство е ивториот осуден на доживотен затвор Африм Исмаиловиќ.

 

 

25.08.2023 - 15:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега