(ВИДЕО) Украинците објавија снимка: Го уништивме моќниот систем С-400 на Крим

 

 

Украинската воена разузнавачка служба објави дека го уништила рускиот систем за воздушна одбрана С-400 „Триумф“ на полуостровот Крим, кој беше анектиран од Москва.

„Како резултат на експлозијата, системот, придружните ракети и оперативниот персонал беа целосно уништени“, соопшти денеска разузнавачката служба.

Со информацијата, објавено е видео направено со дрон, на кое наводно се гледа експлозија.

Украинските власти прво не открија со какви средства бил нападнат рускиот систем за воздушна одбрана.

Шефот на воената разузнавачка служба на Украина, Кирило Буданов, во вторникот најави дека ќе има дополнителни напади на Крим, кој Русија го анектираше во 2014 година, кршејќи го меѓународното право.

 
23.08.2023 - 17:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега