Уапсен е Гркот кој ги однел хрватските хулигани на местото каде што седеле навивачите на АЕК
Полицијата во Атина уапси грчки држјавнин, навивач на Панатинаиокос по кого се трагаше за нередите кои доведоа до убиството на 29-годишниот навивач на АЕК, јавуваат тамошните медиуми.
Како што пишуваат грчките портали, идентификуван бил благодарение на видео снимките од инцидентите, а уапсен бил во неговиот дом.
Во меѓувреме, полицијата трага по уште 10 хрватски навивачи, а за властите сѐ уште е непознат идентитетот на убиецот на младиот Грк. Поради тоа истрагата е проширена и е распишана нова потерница за уште еден Грк и за уште пет Хрвати.
Грчката полиција досега уапсил и притвори 105 хилугани. Инцидентите во Атина ги скараа хрватскиот државен врв откако хулиганите добија директна поддршка од претседателот на државата, Зоран Милановиќ. Со тоа, како што пишуваат тамошните медиуми, тој директно го обвинил грчкото правосудство и државата дека спроведуваат „воена состојба“ против „навивачите“ и дека ги третираат како воени заробеници.
Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ апелираше до родителите на хулиганите да престанат да бараат поддршка за Милановиќ, бидејќи тоа штети и на нивните деца и на нивната иднина. Ваквите изјави на Милановиќ, според Пленковиќ, ги оневозможуваат дипломатите да се договорат за најдоброто решение зад сцената.
Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, пак, изјави дека Грција е држава членка на Европската Унија и дека во вакви случаи важат европските норми.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа