Ковачевски: Ќе направиме сѐ да ја тргнеме блокадата за ЕУ

 

 

Проевропската коалиција нема да подлегне на недржавничкото однесување и ќе направи се’ да ја тргне блокадата на патот на европските интеграција на државата, изјави премиерот Димитар Ковачевски по завршувањето на денешната седница за уставни измени.

„Ќе работиме на државните интереси за да обезбедиме мнозинство со кое ќе се продолжи европскиот пат на државата“, рече Ковачевски.

Премиерот по седницата заклучи дека од денешните настани во Собранието станало јасно кој сака Северна Македонија да биде просперитетна држава, а кој сака да ја блокира иднината.

Говорејќи за опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Ковачевски оцени дека таа партија е за изолација, а проевропските граѓани тоа нема да им го простат.

„ВМРО-ДПМНЕ немаат никакви аргументи, идеја за дискусија и не водеа дебата. Со леснотија покажуваат дека се подготвени да ја блокираат европската иднина за лични цели, а против подобар и попросперитетен живот. Ако тие не знаат да дебатираат и аргументираат дома, како тогаш да очекуваме дека ќе го прават тоа со меѓународна заедница. Јасно е дека нивната цел не е да испреговараат нов договор, туку да блокираат и да си ги спасат сопствените политички кариери“, рече премиерот.

Повтори дека целта и натаму е интеграција во ЕУ до 2030 година, бидејќи мнозинството граѓани е за европска иднина.

18.08.2023 - 17:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега