За ДУИ гласањето на уставните измени е избор помеѓу ЕУ и Русија – пред седницата ги повика пратениците за гласаат

 

 

Демократската унија за интеграција смета дека утрешната седница за уставните измени ќе биде одлучувачка за европската иднина.

„Утре ќе видиме кој е за интеграција, а кој за изолација, кој за Европа, а кој за Русија, кој за перспектива, а кој за уназадување“, велат од ДУИ.

Од партијата вечерва апелираат до сите пратеници да размислат за важноста на нивната историска задача, со цел, како што велат, земјата да оди напред бидејќи уставните измени се одлучувачки чекор за продолжување на нашите евроинтегративни преговори.

„На манипулацијата со граѓаните од страна на различни деструктивни сили и дојде крајот откако, Демократската унија за интеграција како сериозна партија со проамериканска-европска ориентација ги стави на располагање сите можни опции, само за евроинтеграцискиот процес на земјата да не биде блокиран“, се наведува во партиското соопштение.

Демократската унија за интеграција уште еднаш ги повикува политичките партии и самите пратеници да ги остават настрана личните и партиските интереси, да не се обидуваат да ја блокираат туку, да ја приоритизираат европската иднина на граѓаните.

17.08.2023 - 22:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега