Ганиу и Касами добија по две прекршочни пријави заради отсуство на македонско знаме и химна на настаните со Курти

 

Прекршочни пријави за градоначалниците на општините Чаир и Тетово, Висар Ганиу за организирањето на неофицијалната посета на косовскиот премиер Албин Курти во овие две општини. Тие биле повикани во полиција каде дознале дека покренати се две пријави, едната зашто не било истакнато македонското државно знаме, а втората поради тоа што не била интонирана државата химна.

Гание вели дека станува збор за одлука донесени поради политички притисоци.

„Одлучиле дека треба на товар да ми стават два прекршоци, а причината за тоа е посетата на премиерот Курти. Во разговорот што го имав во полициската станица, полицијата се повикува на законите, па рекоа дека не се пеела македонската државна химна и дека не се вееле македонски државни знамиња. Па немаше ниту химна или знаме на Косово, зашто протоколот не го предвидуваше тоа“, изјави Ганиу.

Инаку, настанот во Чаир беше во петокот, кога во чест на Курти, улицата Втора македонска бригада беше преименувана во улица Адем Демачи.

Во Тетово пред зградата на Општината беше организиран свечен пречек, потоа беше организирано обраќање на плоштадот со голем концерт потоа, а Курти беше однесен и во Вејце, каде станало збор за изградба на пат Тетово - Призрен. На настанот во Тетово, како што беше видено на видео-снимки, беше истакната и карта на голема Албанија, од што пак партијата на Касами се огради, велејќи дека не може да се одговара за нешто што го сторил поединец од публиката.

Министерството за внатрешни работи издаде официјално соопштение базирано на Одделот за криминалистичка полиција, Секторот за општ и насилен криминал, во координација со Секторите за внатрешни работи Скопје и Тетово, во кое се вели дека до надлежните Основни судови поднесе барања за поведување на прекршочна постапка против правните лица Општина Чаир и Општина Тетово и одговорните лица во овие правни лица, градоначалниците на овие општини В.Г. и Б.К.

„За време на официјалната посета на косовската делегација на нашата држава, предводена од претседателот на Владата на Република Косово, г.Албин Курти, при организираниот пречек на 11.08.2023 на ул.Ферид Мурати во Скопје и на Градскиот плоштад во Тетово, не е постапено согласно Законот за употреба на грбот, знамето и химната на Република Северна Македонија. Односно за време на манифестациите организирани по тој повод не е интонирана државната химна и не е поставено државното знаме на Република Северна Македонија, со што е сторен прекршок по чл.30 од истиот закон.

МВР продолжува со потрага по лицето кое на една од манифестациите вееше знаме на голема Албанија и по негово пронаоѓање против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава“, се вели во соопштението на МВР.

 

15.08.2023 - 17:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега