Во Прилеп се одржа „Поетско Маркукуле“

 

Шеснаесеттото издание на поетската манифестација „Поетско Маркулкуле“, викендов се одржа во Прилеп. На овогодинешниот настан, градот под Марковите кули беше домаќин на 150 поети од Македонија и од странство.

Во Зборникот кој традиционално се издава, учество зедоа 220 поети поделени во неколку категории и тоа: Домашни автори, Странски и автори од дијаспората и Млади автори до 18 години.

Од Клубот на Литературни творци, кои од 2019 година се и главни организатори на настанот велат дека ваквите настани се од големо значење за промоција на македонската традиција и култура.

„Овој зборник кој го промовираме денес е вистински доказ дека „Поетско Маркукуле“ прераснува во веќе препознатлив поетски бренд не само во Македонија туку и пошироко. Ние како клуб покажавме дека со сплотени сили можеме да постигнеме се. “- истакна претседателката на Клубот Андријана Ристеска.

Оваа година покровители на настанот се: Општина Прилеп, Министерството за култура на РМ, Магрони доо Скопје и ПИ Витаминка Прилеп.

„Од тука испраќаме една прекрасна порака, а тоа е дека пишаниот збор е на прво место каде што може да се презентира македонскиот јазик, култура и традиција. Посебна чест ми е што сум дел од овој настан кој од година во година зема се поголем замав и со тоа го промовираме и нашиот град и нашите надежни творци.“ – изјави граљдоначалникот на општина Прилеп Борче Јовчески.

Првото издание на оваа манифестација се одржа во 2007 година по иницијатива на прилепчанецот Љубен Димкароски Димкар.

13.08.2023 - 17:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега