ВИДЕО: Курти порача Македонија да се држи до Косово, Албанија и Бугарија, а подалеку од Србија

 

 

Премиерот на Косово Албин Курти кој беше во неофицијална посета на Македонија, а официјално се сретна со градоначалниците на Чаир Висар Ганиу и на Тетово, Билал Касами, од Тетово вчера порача дека Македонија треба да се држи што поблиску до Косово, Албанија и Бугарија, а што подалеку од Србија и претседателот на Србија Александар Вучиќ.

– Македонија треба да биде што поблиску до Косово, Албанија и Бугарија, а подалеку од Србија која не се дистанцира од Милошевиќ и од Путин. Вака Македонија ќе биде што поблиску до влез во Европската Унија а нашиот Балкански регион ќе биде побезбеден. Поради ова ние треба да ѝ помагаме и ќе ја поддржуваме Македонија, изјави Курти.

Курти, инаку присуствуваше на преименување на улица во Скопје која сега го носи името на Адем Демачи, косовски интелектуалец кој нема никакви допирни точки со Македонија и Скопје.

Посетата на Курти предизвика лавина реакции во земјава.

12.08.2023 - 12:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега