Ангелов од Достоинство реагира: Бранител доби три години затвор оти чувал оружје-сувенири од 2001 година

 

 

Бранителот Миле со правосилна пресуда од Апелационен суд е осуден на три годишна казна затвор. Само затоа што во неговата викендица, веднаш по неговото пензионирање, му нашле 262 куршуми за автоматска пушка кои не стигнал да ги раздолжи во МВР и два куршуми од тежок митралез кои ги задржал како сувенир од војната во 2001 година, вели претседателот на Достоинство, Стојанче Ангелов во својот Фејсбук статус.

Тој вели дека можеби на прва изгледа чудно да се чуваат вакви сувенири, но ако се знае дека бранителот Миле целиот свој работен век го помина во МВР, носејќи оружје и униформа, почнувајќи од полицаец па до командир на полициска станица, се’ добива сосем поинаква димензија.

 

12.08.2023 - 11:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега