Бутарис одговори на обвинувањата: Разни вжештени глави зборуваат се и сешто

 

Солунскиот градоначалник Јанис Бутарис денеска одговори на обвинувањата во грчката јавност дека во Скопје стоел пред банер на кој пишувало Стопанска комора на Република Македонија.

Како што јавува МИА, Бутарис изјавил дека разни вжештени глави има секаде и зборуваат се и сешто. Тој додава дека Македонците се едни од најдобрите потрошувачи на пазарот во Солун и туристичките места во околината.

За потсетување, солунскиот градоначалник при посетата ба Скопје стоеше пред банер на Стопанската комора на Македонија, што  презивика лавина од реакции во Грција. Прво се огласија медиумите кои коментираа дека тоа што Бутарис се согласил да седи пред „таков натпис, значи дека прифаќа кражба на името на грчка Македонија“. Потоа партијата Независни Грци го обвини дека „со тоа што прифатил да стои пред банер на кој пишува Стопанска комора на Македонија, Бутарис ја поддржува пропагандата на Скопје“. Неофашистичката Златна зора, пак, соопшти дека тој  „е предавник затоа што учествувал на настан во ’Стопанската комора на Македонија’, со што Скопје го признал како Македонија“.

13.12.2013 - 12:29
Фото: 
Кирилица

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега