„Пресудата е шок за семејството и сол на рана“, вели адвокатот на семејството на прегазената Магдалена

 

 

„Пресудата е шок за семејството и сол на рана“, вели Јанаки Митроввски, адвокатот на семејството на прегазената 11 годишна Магдалена од велешанецот Ангелчо Николов. Возачот ќе треба да издржи осум години затвор како што одлучи скопска Апелација. Второстепените судии му ја намалија казната за десет години.

„Не знам како да реагирам на намалената казна за Ангел Николов од 18 на 8 години. И двете казни се во рамки на предвидената казна(е ај да не бидат) но пресудата е шок за семејството и сол на рана. Образложението е релативно оскудно, Апелација се држи на тоа дека е неосудуван, признал вина и ја забрзал постапката, изразил каење и ветил дека нема да се повтори. Судот е должен да цени признание на вина но каење е предмет на проценка. На очиглед на сите иако вербално искажано, кај обвинетиот немаше никакво каење, никаква емоција. Неговото ветување дека нема да го повтори делото пак малку што му значи на семејството. Лесна и земја на Магдалена. Пред некој ден загина млад човек чекајќи на пешачки и остави бебе сирак зад него. Сообраќајната култура во Македонија е на нула, возачки се земаат на жими мајка а државата игра улога исклучиво на пенализатор никако на едукатор и затоа сме каде сме. Господ нека ни е на помош!“, се огласи адвокатот Митровски на социјалните мрежи.

07.08.2023 - 14:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега