Собрани 140.900 денари за поддршка на лицата со ХИВ

 

140.900 денари од годинашниот добротворен концерт на оперски арии и камерна музика, што се одржа на Светскиот ден против СИДА – 1 декември се собрани за лицата со ХИВ.  Концертот го организираше „Заедно посилни“ - група за поддршка на луѓето кои живеат со ХИВ во Македонија.

- Благодарни сме им на сите хумани луѓе кои присуствуваа на добротворниот концерт и на тој начин помогнаа да се соберат финансиски средства кои ќе им овозможат на луѓето што живеат со ХИВ во Македонија да можат полесно да ги остварат своите права на достоинствен, квалитетен и продуктивен живот, изјави Андреј Сених, координатор на „Заедно посилни“.

Ова е трета година во која, преку организација на добротворен концерт, се обезбедуваат средства за финансирање на потребите на лицата кои живеат со ХИВ во нашата земја. На добротворните концерти изминатите две години беа собрани вкупно 427.900 денари, од кои 225.000 денари се наменски искористени за обезбедување тестови за следење на ХИВ-инфекцијата, а 202.900 денари се искористени за помош на социјално загрозените лица со ХИВ. 

13.12.2013 - 11:51
Фото: 
Кајгана

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега