(ВИДЕО) Хеликоптерската единица за посебни намени при МВР исфрли 36 тони вода при гасење на пожарот кај велешка Отовица

 

Хеликоптерската единица за посебни намени при Одделот за воздухопловни единици и денеска (02.08.2023) беше на висина на задачата, учествувајќи во локализирање на пожарот кај велешка Отовица, којшто беше пријавен дека настанал во 13.40 часот на автопатот Велес-Скопје, поточно меѓу автопатот и железничката пруга, пред мостот кај наплатната станица "Отовица".

Пожарот во кој биле зафатени сува трева и борова шума беше локализиран, а хеликоптерот на Хеликоптерската единица за посебни намени при МВР дејствуваше во 12 налети при што беа исфрлени 36 тони вода.

02.08.2023 - 20:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега