(ФОТО) Силен пожар беснее во велешко

 

Силен пожар беснее во велешко, над населба Отовица. Согласно изјавите на мештаните, истиот започнал околу 13.00 часот, а надлежните од Центарот за управување со кризи соопштија дека бил исклучително сериозен.


Првиот човек на ЦУК, Стојанче Ангелов кажа дека пожарникарите се на терен, а во гаснењето на огнената стихија ќе се вклучат и воздушни сили, поточно Ер трактор на ДЗС и хеликоптер на МВР.


Во меѓувреме, како што известија службите на ЦУК, во моментов беснеел уште еден сериозен пожар помеѓу Бучинци, Миладинвци и Групино, скопско.

 

 

02.08.2023 - 16:17
Фото: 
Димитриевски Дарко

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега