(ФОТО) Кацарска: Илинден да остане пример за истрајност во формирањето слободна и демократска држава

 

Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска по повод државниот празник Илинден во свое лично име и во име на Судот упати честитки до сите граѓани. 

-Нека овој празник остане пример за силната волја и истрајност во формирањето на слободна и демократска држава со принципот на владеење на правото како единствена визија на сите чинители во општеството, напиша Кацарска во честитката.

Во чест на големиот празник претседателката на Уставниот суд денеска положи цвеќе пред споменикот на слободата „Сила, слава и победа” на тврдината Кале во Скопје. 

02.08.2023 - 13:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега