МНР воведува двосменско работење во четири амбасади поради зголемен број апликации за пасоши

 

Дипломатско конзуларните претсавништва на Република Северна МАкедонија во Берн, Берли, Болн и Минхен ќе работат во две смени, поради зголемениот прилив на барања за нови пасоши. Ова денес го најави министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој рече дека за прв пат воведуваат двосменско работење во  овие амбасади и дека ако се јави потреба ќе воведат и во други.

„Во одредени амбасади има зголемен број барања за издавање нови пасоши, пред се поврзано со рокот за замена на патните исправи до февруари следната година. Одлучивме да испратиме една група конзуларци од МНР за да овозможиме двосменско работење во овој период. Во оваа прва група според бројот на апликации почнуваме со двосменско работење во Берн, Бон, Берлин и Минхен. како ќе се појавуваат потреби во други градови така ќе пристапиме. Ова е првпат нашите декапеа да работат двосменско поради овој прилив на барања“, изјави Осмнани на брифингот со новинарите.

 

29.07.2023 - 12:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега