Агенцијата за медиуми: Осуда за попречувањето на работата на новинарската екипа на „ТВ Телма“
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро го осудува попречувањето на новинарската екипа на „ТВ Телма“ при нејзиното известување за вчерашната седница на Судскиот совет на која учествуваа и експерти на оценувачката мисија на Европската Унија.
„На новинарите и медиумските екипи треба да им се овозможи слободен пристап до сите настани, имајќи ја предвид нивната улога во информирањето за прашања од јавен интерес и во обезбедувањето транспарентност и одговорност на јавните органи.
Работа на медиумските работници е да известуваат секогаш и од секаде, а обврска на институциите е тоа право да не им го попречува со цел да се заштити слободата на известување и јавно информирање“, велат од Агенцијата за медиуми.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа