Пратениците со полни раце работа

 

Пратениците и денеска се со полни раце работа. Во Собранието ќе заседаваат комисиите за здравство, за труд и социјална политика, за политички систем и односи меѓу заедниците, за локална самоуправа и Законодавно-правна комисија.

Членовите на Комисијата за здравство ќе расправаат по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за здравствено осигурување, а Комисијата за труд и социјална политика ќе го разгледува Предлог законот за изменување и дополнување на Законот работните односи во второ читање, а Комисијата за локална самоуправа ќе расправа по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Државниот инспекторат за локална самоуправа и Предлог-законот за дополнување на Законот за рамномерен регионален развој. На дневен ред на Комисијата политички систем и односи меѓу заедниците е продолжението на надзорната расправа „Анализа за почитување на уставно загарантираното право на презумција на невиност, наодите за злоупотреба на притворот, загрозување на слободата на изразување и медиумски слободи и правото на изразување јавен протест во Република Македонија“.

На седницата на Законодавно-правната комисија се Предлог-законот за контрола на емисии од испарливи органски соединенија при користење на бензини, во прво читање, и предлог законите за ратификација на Меморандумот за разбирање за соработка во здравството помеѓу Владата на Република Македонија и Државата Катар и Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Романија за соработка во областа на образование, наука, култура, мас-медиуми, млади и спорт.  Комисијата ќе продолжи со 137. седница на која, меѓудругите ќе ги разгледува Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за здравствено осигурување и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за угостителска дејност, двата во второ читање, потоа Предлог-законот за изменување на Законот за трговските друштва, Предлог-законот за дополнување на Законот за основање на Агенција за промоција и поддршка на туризмот во Република Македонија, а потоаЗаконодавно-правната комисија ќе ја продолжи 138. седница на чиј дневен ред се Предлог-законот за вработените во јавниот сектор и Предлог-законот за административни службеници.

13.12.2013 - 09:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега