Денеска е Петок 13-ти!
Петок 13 од многу суеверни луѓе во светот, особено во Европа, Северна и Јужна Америка, Австралија, се смета за несреќен ден.
Има повеќе верувања за потеклото на суеверието за петок 13, почнувајќи од тоа дека Ева во рајот го измамила Адам со јаболкото токму во петок, дека на тој ден се случила библиската поплава, дека Бог на петок 13-ти ги измешал јазиците на Вавилонската кула, а и Исус Христос бил распнат в петок. За „несреќниот“ број 13 се врзува и верувањето дека токму толку луѓе биле на Тајната вечера. Како најубедливо верување за потеклото на митот за петок 13, историчарите го посочуваат настанот што се случил на 13 октомври, петок, 1307 година, кога францускиот крал Филип Четврти наредил да се уапсат и погубат водачот на темпларскиот ред Жак де Молеј и шеесетина негови најблиски приврзаници.
Папата Клемент Петти во 1314 година го забранил Темпларскиот ред, по што тој продолжил да постои тајно.
Суеверието за петок 13 или за „несреќниот“ број 13, го поттикнуваа и богатата филмска и издавачка продукција со многубројни дела токму на таа тема, меѓу кои се холивускиот филмски серијал Петок 13, мистериозната новела „Тринаестмина на вечера“ од Агата Кристи и драмата околу мисијата на всленскиот брод Аполо 13 за што е снимен и филм.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа