Тројца македонски државјани се на грчкиот остров Родос каде беснеат пожари

 

Тројца македонски државјани се моментално во Родос, Грција каде беснеат пожари, но тие се на безбедно место, штотуку информираа од Министерството за надворешни работи.

„Во врска со пожарите кои ја зафатија Грција, информираме дека заклучно со денешниот ден, тројца државјани на Република Северна Македонија ја контактирале нашата Амбасада во Атина. Истите се наоѓаат на безбедно место, на грчкиот остров Родос. Дипломатско-конзуларните претставништва на Северна Македонија во Грција, продолжуваат да бидат во постојана комуникација со надлежните институции на Грција.

Уште еднаш упатуваме апел да се избегнува туристичко или било какво друго патување во загрозените подрачја“, стои во соопштението на МНР испратено до медиумите.  

За повеќе информации, на располагање се СОС телефонот на МНР 075/ 273- 732 и дежурните телефони на Амбасадата во Атина +306944743071 и Генералниот конзулат во Солун + 30 6987200410.

24.07.2023 - 17:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега