Соборени дронови над Москва недалеку од руското Министерство за одбрана, соопшти Русија

 

 

Два украински беспилотни летала кои утринава беа лансирани кон објекти во Москва биле електронски заглавени и паднале, соопшти руското Министерство за одбрана.

Во Москва претходно беше соопштено дека на Комсомолски проспект 17, во центарот на Москва, се пронајдени остатоци од дрон и дека сообраќајот е во прекин во тој дел од градот.

Ројтерс наведува дека локацијата е на околу 2 километри од зградите на Министерството за одбрана.

„Утрото на 24 јули беше спречен обид на режимот во Киев да изврши терористички напад врз објекти во Москва со помош на два дрона“, пишува Ројтерс.

„Два украински беспилотни летала се урнаа откако беа електронски заглавени“, соопшти руското министерство, додавајќи дека нема жртви, пренесува ТАСС.

Според претставници на министерството, скршени се прозорци на површина од 50 квадратни метри на 17 и 18 кат во деловна зграда во центарот на Москва.

Нападите со беспилотни летала на две згради во Москва на својот канал Телеграм ги потврди и градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин.

„Утринава околу 4 часот се регистрирани напади со дронови на два нестанбени објекти, без поголема материјална штета или повредени. Сите служби за итни случаи беа ангажирани на лице место“, напиша градоначалникот на Москва.

24.07.2023 - 09:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега