Столтенберг за среда закажа средба на Советот НАТО-Украина поради житото
Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека побарал од шефот на НАТО да свика состанок на Советот НАТО-Украина на кој ќе се разговара за безбедноста на Црното Море, особено за коридорот за извоз на украински житарки.
Средбата, на барањето на Украина, е закажана за в среда, потврдија од кабинетот на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.
„Целта е да се консултираме за најновите случувања и да разговараме за транспортот на украинското жито преку Црното Море, а средбата ќе се одржи на амбасадорско ниво“, изјави портпаролката на НАТО, Оана Лунгеску, пренесе ДПА.
Зеленски и Столтенберег претходно имаа телефонски разговор на кој ја разгледаа ситуацијата во Црно Море, откако Русија неделава се повече од Договорот за житарки под покровителство на ОН, соопштувајќи дека западните земји ги игнорирале нивните барања да обезбедат извоз на храна и ѓубрива од Москва.
Русија соопшти дека бродовите што се упатуваат кон украинските пристаништа на Црното Море може да се сметаат за легитимни воени цели.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа