Иселеничка од Австралија за ТВ21: „За мене со полн џеб не е страшно, но не знам како живеат луѓето тука“

 

Наша иселеничка во Австралија се вратила во татковината за да го помине летниот одмор. Таа вели дека не може да разбере како народот наоѓа пари да се прехрани, затоа што платите се ниски.

Жената за „ТВ21“ кажа дека доаѓа од земјата на кенгурите, каде што стандардот за живот бил повисок од другите земји.

- Да ти кажам право, за мене со полн џеб не е страшно. Но за овој стандард, се чудам како преживуваат луѓето. А кафулињата се преполни. И тоа не знам, од каде наоѓаат пари, а се жалат дека немаат, кажа жената.

18.07.2023 - 10:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега