Инспектори ќе ја „тресат“ Клиничката болница во Битола поради случајот со мртвороденото бебе

 

Инспектори ќе ја „тресат“ Клиничката болница во Битола по иницијатива на министерот за здравство Фатмир Меџити, откако претходно денеска млада жена на 21-година родила мртво бебе. 

Министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити, во врска со случајот на мртвородено бебе во КБ Битола, иницираше ДСЗИ  да изврши вонреден инспекциски надзор во одделот за гинекологија и акушерство во Клиничката болница Битола. 

„Министерството ја информира јавноста дека според информативниот допис од КБ Битола, кој стигна до МЗ, кај 21-годишната пациентка, бременоста се до 7 месец се одвивала во Германија. Таа во КБ Битола не дала информации дали била следена од лекар во Германија и не приложила документација од којашто ќе се утврди дека бременоста е контролирана.
Првпат родилката се јавила на матичен гинеколог во 29 недела, на инсистирање на членови на нејзиното семејство, и втор пат во 36-та недела на приватен матичен гинеколог. Истата била препратена во Клиничка болница Битола заради вишок плодова вода при бременост (полихидрамниja - состоба која укажува на компликации кај плодот). Во текот на вчерашниот ден бил извршен царски рез кај пациентката, плодот е роден мртов без срцева акција. Оваa бременост е четврта кај родилката, а и третата бременост завршила со ист исход“, велат од МЗ во писмениот допис до медиумите.

Родилката во моментот е на лекување во Клиничка болница Битола, таа е во општа добра состојба и изіавува дека нема забелешки во врска со породувањето и лекарскиот третман. 

Инаку, ова е вторпат бебе да почине во оваа болница за краток временски период од неколку месеци. 

17.07.2023 - 16:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега