Зголемените трошоци не значи и зголемување на цената на парното, велат од ЕСМ
Зголемувањето на трошоците на дејноста производство, дистрибуција и снабдување, не мора да значи зголемување на крајната цена на парното, велат од ЕСМ.
Оттаму додаваат дека компаниите кои ја вршат оваа дејноста поднеле барање за признавање на трошоците од работењето на друштвата до Регулаторната Комисија за Енергетика и водни услуги, а врз основа на овие податоци и одобрените трошоци за вршење на дејноста, Регулаторната комисија ги утврдува тарифните ставови според кои се фактурира испорачаната топлинска енергија кон крајните потрошувачи во следниот период.
„АД ЕСМ по задолжение од Владата ја презеде и топлинската енергија за Градот Скопје и изминатата грејна сезона немаше прекин во снабдувањето со топлинската енергија и на задоволство на огромен број на граѓани на 15 Октомври радијаторите беа топли. И следната грејна сезона АД ЕСМ нема да дозволи да има прекини во снабдувањето со топлинската енергија. Веќе се започнати активностите за отстранување на опожарениот топловод на мостот “Беласица”. ЕСМ Дистрибуција на топлина ќе вложи максимални напори демонтажата да се заврши во најкраток можен рок“ велат од ЕСМ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа