ФОТО: Се појави фотографија со Пригожин како седи на кревет во шатор

 

 

Руските медиуми објавија фотографија на која е прикажан шефот а Вагнер, Евгениј Пригожин како седи на кревет во шатор. Се гледа и дека под него има земјен под.

„Руските медиуми објавуваат наводно неодамнешна фотографија на Пригожин во полски шатор (наводно) во Белорусија“, пишува Антон Герашченко, советник на украинскиот МУП.

Автентичноста на сликата не е потврдена.

Пригожин последен пат беше виден во јавноста на денот на востанието во Ростов на Дон. Оттогаш не се знае каде се наоѓа. По завршувањето на еднодневниот бунт, белорускиот претседател Александар Лукашенко објави дека е договорено Пригожин да замине во Белорусија.

Сепак, не се знае каде отишол Пригожин и каде е сега. Пред неколку дена Кремљ потврди дека неколку дена по востанието Путин и Пригожин се сретнале во Кремљ, а Пригожин со себе ги зел и платениците од Вагнер.

14.07.2023 - 12:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега