ВИДЕО: Дрисла не ја отвори капијата, Ѓорѓиевски и Муцунски го исфрлија ѓубрето пред портите на депонијата

 

Градоначалниците на Аеродром и на Кисела Вода, Тимчо Муцунски и Орце Ѓорѓиевски целиот смет кој го собраа службите на општините го истурија пред влезот на депонијата Дрисла откако директорот не дозволил да го внесат внатре.

„Ако ни се спротивставува директорот да го прими и да го одложиме отпадот внатре, луѓето ги држиме саат време овде, тие имаат фамилии а имаат и уште многу работа, тогаш ќе го одложиме отпадот пред „Дрисла“ па тоа ќе треба да си го собира директорот и градоначалничката“, истакна Градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски пред Депонијата „Дрисла“, каде се заедно со градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски.

„Дечки ќе почекаме уште 10 минути, ако не добиеме одобрување од страна на директорот кој им забранува да комуницираат со нас, да ги отвори рампите да се влезе да се одложи ѓубрето, а за тоа плаќаме и имаме договори сите општини“, изјави Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски посочи дека ако не прифатат да ги отворат рампите тогаш ќе го одложат целиот отпад тука на цела одговорност негова и на Тимчо Муцунски.

Исфрлањето на ѓубрето пред портите на Дрисла беше пренесувано и во живо на Фејсбук.

10.07.2023 - 00:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега