Хаосот со сметот во главниот град ги мобилизираше скопските градоначалници – утре ќе имаат состанок
Хаосот кој го предизвика протестот на вработените во Комунална Хигиена ги мобилизираше градоначалниците на скопските општини.
Според информации на Прес24, утре во 10 часот во општина Аеродром ќе се одржи состанок на „скопски плански регион“ на кој ќе учествуваат градоначалниците на скопските општини. Единствена точка на оваа седница ќе биде состојбата со сметот и ѓубрето во Скопје.
Неколку општини преку соопштенија побараа Град Скопје и Комунална Хигиена да најдат решение и да го исчистат ѓубрето.
Сликата е иста речиси секаде. Преплавени контејнери, ѓубре, пластика на улиците. Поради високите температури се шири и лоша миризба.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа