Др. Софијанова назначена за национален координатор за трансплантација

 

Др. Аспазија Софијанова ќе биде национален координатор за трансплантација. Актуелната директорка на Клиниката за детски болести на оваа функција е назначена на вчерашната владина седница. Како што изјави за zdravstvo24.mk, приоритетна цел на др. Софијанова ќе биде заживувањена кадаверичната трансплантација. Веќе наредната недела ќе назначи болнички координатори на Карил, Нефрологија, Урологија кои ќе и помагаат околу процесот на донирање и пресадување на органи. Понатаму координатори ќе бидат назначени и во клиничките болници. Втор приоритет ќе биде правење на национален регистар на потенцијалните органоприматели. За почеток кадаверичната трансплантација ќе почне на Урологија со пресадување на бубрег.

12.12.2013 - 13:09

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега