Зеленски: Путин ја губи контролата врз сопствениот народ

Украинскиот претседател Володимир Зеленски оцени дека одговорот на Владимир Путин на вооружениот бунт на „Вагнер“ бил слаб и оти рускиот претседател ја губи контролата над сопствениот народ.

– Сета таа вертикална моќ, која некогаш ја имаше, сега само се урива, рече Зеленски во интервју за Си-Ен-Ен.

Тој наведе дека извештаите на украинската разузнавачка служба покажуваат дека Кремљ ја мери поддршката што ја има шефот на „Вагнер“ Евгениј Пригожин, додавајќи дека половина Русија го поддржува бунтот на приватната воена група.

03.07.2023 - 20:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега