ФСБ: Спречивме атентат врз гувернерот на Крим, планирале да му го кренат автомобилот во воздух

 

 

Безбедносните сили спречија обид за атентат врз шефот на Крим, Сергеј Аксјонов, соопшти руската Федерална служба за безбедност (ФСБ).

„Уапсен е руски државјанин, роден во 1988 година, кој бил регрутиран од СБУ и кој завршил курс за извидување и субверзивни активности на територијата на Украина, вклучително и обука за мински експлозиви“, се наведува во соопштението.

Човекот наводно планирал да го разнесе автомобилот на Аксјонов, но бил фатен како ја извлекува бомбата од нејзиното скривалиште. ФСБ отвори кривична постапка според написите за обид за терористички напад и нелегално набавување експлозиви. Тие тврдат дека осомничениот го признал делото, пренесува руската државна новинска агенција РИА.

Инаку, во мај беа објавени извештаи и за спречената серија терористички напади на Крим, кои, меѓу другото, беа насочени и кон Аксјонов, претседателот на парламентот Владимир Константинов и градоначалничката на Јалта, Јанина Павленко. ФСБ тогаш го обвини Роман Машовец, заменик-шефот на кабинетот на Владимир Зеленски, дека е директен организатор на терористичките напади.

ФСБ објави и видео од сослушувањето во кое уапсениот признава дека планирал да го разнесе автомобилот кога поминувала колоната на Аксонов.

03.07.2023 - 10:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега