(Видео) Пукање на аеродромот во Молдавија: Има жртви, авиосообраќајот е во прекин

 

Маж денеска пукаше на аеродромот во Кишињев во Молдавија при што уби две лица, јавуваат светските медиуми.

Локалните власти изјавија дека напаѓачот „одзел пиштол од граничен чувар“ и дека во таа прилика убил две лица.

Агенцијата Ројтерс објави дека, повикувајќи се на медиумската куќа „Зиарул де Гарда“, полицијата била на аеродромот и дека мажот се забарикадирал откако испукал неколку истрели.

Авиосообраќајот на овој аеродром во моментов е во прекин, јавуваат светските медиуми.

 
30.06.2023 - 18:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега