ВИДЕО: Пронајдени човечки останки во урнатините на Титан, објавена е снимка од акцијата на спасувачите

 

Американската крајбрежна стража верува дека се пронајдени човечки останки во остатоците од подморницата Титан која минатата недела се урна во Атлантикот. Анализата на пронајденото допрва започнува, а сега е објавено и видео од депонирањето на деловите на подморницата.

Делови од подморницата Титан, која се распадна при длабоко нуркање кон Титаник, при што загинаа пет лица, се истоварени во Канада.

Претставници на американската крајбрежна стража велат дека меѓу рамката за приклучување и задниот отвор на подморницата биле пронајдени човечки остатоците.

Американските медицински експерти вршат анализа на она што се верува дека се човечки останки, се вели во соопштението на крајбрежната стража.

Агенцијата моментално е во рана фаза на истрага за причините за катастрофата на Титан.

29.06.2023 - 09:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега