Груби: Немам доверба во овој состав на Антикорупциска, немаат ни еден успех
Првиот вицепремиер Артан Груби во вечерашното гостување во Централниот дневник на ТВ Сител изјави дека немал доверба во овој состав на Антикорупциска, бидејќи како што рече, немале постигнато ниту еден успех.
„Мнозинство од случаите се изгубени во административни постапки, се отфрлени од страна на судиите, за тоа што го работи Државната комисија за спречување на комисија. Се надевам дека следниот состав ќе биде навистина сериозен“, изјави Груби. Прашан од новинарот Кузмановски дали ова значи дека не верува на овој состав на Антикорупциска, првиот вицепремиер одговори:
„Па нема ниту еден успех во сите години на мандат. Јас ги избрав, јас бев член на комисијата којашто ги интервјуираше членовите и којашто гласаше за нив“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа