ВИДЕО: Со „Ми заплакало селото Ваташа“ и „Цветови“ од Славко Јаневски се одбележуваше масакрот на 12 младинци
Чествувањето на 80 години од масакрот во селото Ваташа каде фашисти стрелаа 12 младинци на возраст од 17 до 25 години, започна со изведба на „Ми заплакало село Ваташа“, со рецитал на „Цветови“ од Славко Јаневски.
На церемонијата кај споменикот, дојдоа семејствата на убиените деца, свежо цвеќе положија и низа политичари. До споменикот се поставени 12 бисти кои беа откриени, а пуштена е и спомен соба за младенците.
Општина Кавадарци организираше и свечена академија. Присутни, од политичарите, беа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, лидерот на Левица, Димитар Апасиев, министерката за култура, Бисера Костадиноска Стојческа.
Масакр во Ваташа е крвав настан кој се случил на 16 јуни 1943 година кога биле стрелани 12 младинци од селото Ваташа во близина на Моклиште кај месноста „Чаир“, на 2 км оддалеченост од Ваташа. Колежот го извршила бугарската воjска и полициски одреди на чело со капетан Борис Жеглов, поручник Борис Костов и подофицер Петко Опреков под команда на полковник Љубен Апостолов, командант на 56. Велешки пешадиски полк од Петтата бугарска армија. По потекло Апостолов бил од Крива Паланка. По тоа време од 40 до 60% од војниците во полковите на Петтата армија биле локални регрутирани младинци.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа