Битиќи: Инфлацијата се намалува, од 19,8% минатата година ќе падне на 8% за 2023 година
Вицепремиерот Битиќи рече дека овој тренд на намалување на инфлацијата очекува да продолжи до крајот на годината, што е на линија на проекциите на НБРМ и владините проекции според кои инфлацијата за цела 2023 би изнесувала околу 8%.
„Од друга страна очекувањата за раст на платите со двоцифрени стапки е реалност со оглед на фактот што успеавме да создадеме атрактивен економски амбиент за прилив на нови како домашни така и странски директни инвестиции кои креираат многу повисока додадена вредност, а воедно ќе ја зголемат продуктивноста на целокупната економија и ќе резултира со реален раст на просечната плата во целокупната економија“, рече Битиќи.
Вицепремиерот Битиќи се осврна и на очекувањата за движењето на инфлацијата, за што рече дека треба да имаме во предвид дека нашата национална економија не е изолирана, затворена.
„Ние сме изложени на економски сили кои не препознаваат граници и кои влијаат во дефинирањето на нашиот перформанс. Економската криза сè уште не е завршена, енергетските прашање се сè уште отворени. Не постоеше економија која не почуствува последици од руската агресија врз Украина, војна која сè уште се случува, а и никој не може да предвиде како ќе се развива. Постојат многу променливи фактори кои влијаат врз инфлацијата, а врз кои ние немаме влијание иако сме изложени на нивните последици“, рече Битиќи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа