Заканата за блокирани граници нема да го натераат Бесими да им го даде додатокот на цариниците

 

Петочниот протест на вработените во Царинската управа нема да го натера министерот за финансии, Фатмир Бесими, да им го исплати додатокот од 30 отсто. Тој посочи само дека се работи на методологија, која ќе важи за сите во однос на општиот колективен договор. Прашан кога ова решение ќе биде договорено – тој немаше одговор.

„Ние сме во преговори. Три страни преговараат во економско-социјалниот дијалог. Ние стоиме на принципиелниот став дека се работи на потпишување и усогласување општ колективен договор, кој ќе важи за сите во јавниот сектор. Се водат преговори во однос на тоа. Вториот став, кој е принципиелен, е дека се воспоставува системска методологија, системско право на вработените во јавниот сектор во однос на тоа што значи заштита од инфлација и следење на продуктивноста. Ова се дискутира и она што ќе биде таму ќе важи за сите“, рече Бесими.

Тој посочи дека има раст на платата во јавниот сектор. Прашан дали решението што го договара Владата со синдикатите ќе биде готово до крајот на годината, немаше конкретен одговор.

„Сега јас не можам да прејудицирам. Се водат преговори со сите синдикати. Таму ќе го решиме тоа“, рече Бесими прашан кога ќе биде готово ова решение.

Царинската управа излегува на протест, а вчера на протест беа излезени и судските административци.

14.06.2023 - 13:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега