Министерството за транспорт реагира: Нема да дозволиме опструкции, автопатот кон Охрид се гради со потребната динамика
Нејасни се реакциите на градоначалникот на Општина Охрид за стопирање на градежните работи на автопатстката делница од Подмоље кон Охрид, реагира Министерството за транспорт и врски.
Рекацијата следи откако претходно денес, охридскиот градоначалник, Кирил Пецаков, негодуваше дека тоа е случува на почетокот на туристичката сезона во градот, и влезот во Охрид е блокиран.
„Поддршката од централната власт кон општина Охрид е огромна, како никогаш досега, а реакциите на градоначалникот на општината се лицемерни и неприфатливи посебно кога станува збор за истиот градоначалник кој постојано повикува на забрзување на градежните работи на истиот автопат. Автопатската делница од Кичево до Охрид се гради со потребната динамика и нема да дозволиме ничија опструкција да ја блокира реализацијата на овој проект“, велат од Министерството.
Реакцијата на Пецаков, според министерството е несфатлива и доаѓа од градоначалник од политичката партија која оставила хаос на истиот автопат, а сега истите тие грчевито се борат тој автопат да не се изгради.
„Пецаков треба да има во предвид дека се отстранија сите проблеми на оваа делница кои ги затекнавме од времето кога ВМРО-ДПМНЕ ја предводеше владата. Благодарение на напорите и пристапот на оваа Влада се решија најголемите проблеми и се решија преку 3500 имотно правни пречки помеѓу државата и граѓаните. Се испроектираа и клучките, се репроектираа косините со што денеска има прогрес на терен“, велат од Министерството.
Кога веќе градоначалникот зборува за поддршка од централната влада, додаваат од Министерството, сакаме да го информираме дека Владата преку ЈПДП оваа година ќе започне и со рехабилитација на дел од патниот правец од Охрид кон Свети Наум за кој искрено се надеваме дека нема да биде противник за реконстукцијата и на овој патен правец.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа